Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

222 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.07.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 222 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК