Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

198 сообраќајни прекршоци во Скопје, 61 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 18 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, извести МВР.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет санкции за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО КОЈА СИТЕ ЈА ОЧЕКУВААТ: Од недела значителен пад на температурите и дожд – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Нова трагедија на охридското крајбрежје – пронајдено тело на починат скопјанец

ДЕСК

Африм Гаши излезе од болница

C +