Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Изгореа подрумските простории во кумановскиот суд, таму се чувала архивата

Во пожар што избувнал во 1 часот и 35 минути по полноќ изгореa подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово. Таму се чува архивата на судот.

Пожарот се гасел со два камиони и седум пожарникари, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

„ТППЕ Куманово бележи интервенција во текот на ноќта на опожарени простории на зградата на Основен Суд Куманово во 01,35 часот. Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е се уште е на терен“, соопштува РЦУК.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +