13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бојаровски: Заблуда е дека работата на Историската комисија ќе биде услов во процесот

Според аналитичарот и новинар Зоран Бојаровски заблуда е дека работата на историската комисија ќе влијае на процесот. Во гостувањето во „Само вистина“, тој кажа дека работата на историчарите не е услов според кој Бугарија или ЕУ ќе определуваат за интеграцијата на земјава. Прашан дали Бугарија треба сега да ги спроведе пресудите од Судот во Стразбур или пак да се извини за минатото, Бојаровски одговори:

-Не може тоа да се случи сега, кога се поставуваат на ваков начин работите се ставаат пречки за процесот. Сега треба да се откочи процесот на преговори и да се отвораат кластерите. Паралелата ја правам со Преспанскиот договор. Пред да се донесе Преспанскиот договор не можевме да зборувавме за правата на Македонците во Грција.
Но, после пет години има сериозни промени во тој план, има регистрирано Центар за македонски јазик и регистрирана политичка партија во Грција. Моментот сега е да се откочи процесот и да почне Втората меѓувладина конференција, тој процес треба да почне да тече, а потоа ќе отвораме прсшања за други аспекти кои се исто така битни, кажа Бојаровски.

Можеби ќе ве интересира

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето во Тетово

ДЕСК

ЗНМ и ССНМ изразуваат загриженост за постапувањето на полициските службеници кон новинарите во Демир Хисар

ДЕСК

ЧУВАЈТЕ СЕ: Продолжуваат пеколните температури и следните денови – Метеоцентар со детална прогноза за неделава

ДЕСК