Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Бојаровски: Прашањето за идентитетот е затворено, не треба да се користи за дефокус

Не гледам на кој начин ни е оспорен идентитетот, вели новинарот и аналитичар Зоран Бојаровски во гостувањето во „Само вистина“.

-Тоа прашање не треба да го користиме за дефокус. Признаен е македонскиот идентитет и јазик, во личната карта на Обединетите нации, во резолуции на најразлични парламенти…. Ние сме Македонци со македонски идентитет и тоа прашање треба да го затвориме. Тоа не е проблем во нашата евроинтеграција, кажа Бојаровски.

Тој вели дека еден од аргументите на опозицијата бил дека ќе се загубеле идентитетот и јазикот.

-Велеа дека ќе се спровела бугаризација со внесувањето на Бугарите во Уставот, а потоа кажаа дека ќе ги внесат Бугарите во Уставот, но не под бугарски диктат, истакна Бојаровски.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК