Од Регионалниот ЦУК Штип, информираат дека има пријава за паднато дрво во Кочани кај училиштето „Гошо Викантиев“, што паднало врз кола во движење. Нема информации дали има повредени и колкава е материјалната штета врз возилото. Исто така, добиена е информација за паднато дрво на пат помеѓу Село Бањани и село Облешево каде што била блокирана едната коловозна лента и бил отежнат сообраќајот. Веднаш по пријавата во ЦУК, за истото, се известени надлежните институции.
Регионалниот ЦУК Штип информира, врз основа на комуникацијата со МВР Кочани, дека на магистралниот пат Кочани – Штип и експресниот пат Кочани – Штип нема прекин во сообраќајот. Од ЈП Македонија Пат работна единица Кочани биле излезени на терен за отстранување на можни паднати гранки и остатоци од поројна вода. Во градот Кочани има пријава за оштетено возило при што сопственикот на возилото се изјаснил дека штетата самиот ќе ја покрие.
Исто така, од Јавното претпријатие за водовод и канализација на Кочани се излезени на терен за евентуелна интервенција, согласно ситуацијата на улиците, а и по можна пријава на граѓани, вели ЦУК.