25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Голема земја-членка на ЕУ во Собранието ќе донесе резолуција за недвосмислена потврда на македонскиот јазик и идентитет

Граѓаните дале доверба, мандат на пратениците да одлучуваат за нивно добро, нивен просперитет, а не дале глас да гледаат негативен натпревар меѓу политичарите, или ловење на политички поени токму на теми кои значат подобра иднина за истите тие граѓани, потенцира премиерот Димитар Ковачевски по одржанаата лидерска средба.

-Денес можам да кажам дека државата е на вистински пат, од меѓународната заедница, од нашите стратешки партнери имаме потврда за постигнатото. Сите вие сте сведоци на сите јавни изјави кои беа дадени и тука во Скопје и надвор од страна на Канлцеарот на Германија, на претседателот на Франција, на претседателката на ЕК, на претседателот на ЕС, од страна на државниот секретар на САД и тие имаа исклучителчно јаси ставови во однсо на тоа дека државата треба да ја донесе стратешката одлукас о која што ќе го продолжиме патот на евроинтеграции и ќе станеме членка на ЕУ, кои што стратешки интерес на Северна Македонија е во согласнот и со стратешките интереси на нашите партнери кои што можете и од нив директно да го слушнете. Сите тие не охрабруваат и поддржуваат во напорите прво да ги донесеме овие одлуки и второ во реформите кои се прават и кои ќе се прават врз основа на извештаите од скрининг процесот којшто во моментот тече, кажа Ковачевски.

Според него, во таа насока се и уставните измени.

– Овие измени реално не се однесуваат на ниту едно идентитетско прашање, туку преку обезбедување на правата на различните заедници кои живеат тука го штитиме идентитетот не само на другите, туку и сопствениот и се гордееме како функционално демократско мултиетничко, мултикултурно, мултиконфенсионално општество без разлика кој на кој дел од општеството му припаѓа, бидејќи ние сме Европа во маало со оглед на разноликоста на граѓаните кои живеат и на културата која ја имаме во нашата држава. Ние се гордееме со фактот дека за оваа држава се бореле и ја изградиле сите заедници кои живеат во неа и кои денес СМ ја чувствуваат како свој сопствен дом и работат на нејзиното унапредување. Тој модел на соживот е негување на различностите и навистина тоа негување на различностите е една врвна европска вредност е практично основата и на постоењето на ЕУ. Тоа е препознаено и поздравено од целиот демократски свет на јавна сцена и ние денес сме пример на опшштество кое што ги решило своите односи внатре во општеството и што може да се види и во извештајот на ген – сек на ОН, г.Гутереш каде што охридскиот рамковен договор е наведе како договор со кој се обезбедува трајно и одржливо решение во една држава која има разноликост по различни основи., рече Ковачевски.

Тој повтори дека ние досега многупати сме го верификувале македонскиот јазик и идентитет тој е влезен во преговарачката рамка, јасно напишан како македонски јазик.

– Го потпишавме договорот ФРОНТЕКС на македонски јазик, каде што стојат сите други јазици на ЕУ одоборен од сите земји членки на ЕУ. Сите вие кои што бевте присутни на првата меѓувладина конференција, можевте да видите на кабините за превод дека јасно стоеше македонски јазик, билатралниот скрингн кој се одвива во ЕУ во моментов 80% се одвива на македонски јазик и законодавството на ЕУ се преведува на македонски јазик. Со тоа, обврската која ја презеде ЕУ во однос на признавањето на јасен, чист македонски јазик без никакви додавки и фусноти или појаснувања го исполнува како преку состаноците, документите, така преку сите јавни настапи. Тука сакам да споделам уште нешто, а тоа е дека една голема европска земја, една од најголемите, членка на ЕУ во текот на наредните недели ќе донесе резолуција со која се потврдува дека се препознава и признава недвосмислено македонски јазик, идентитет и македонска култура кои сметаат дека ќе го збогати европскиот идентитет и тоа ќе биде направено од страна на нивниот парламент како врвно законодавно тело во оваа држава, истакна Ковачевски.