Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка несреќа кај Драчево: излета автомобил со четири млади девојки, сите однесени во болница

Четири девојки на возраст од 18 до 20 години биле во автомобилот што вчера излета од патот кај Драчево.

Како што објави МВР, несреќата се случила на локалниот пат с. Количани – с. Драчево, Скопско, кога „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. С. (19) од Скопје, излетало од коловозот.

„Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката С. М. (18) од Скопје, а телесни повреди добиле М. С. и уште две сопатнички – М. Д. (20) и М. М. (18), двете од Скопје, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, велат од МВР.

Извршен бил увид.

Можеби ќе ве интересира

ОД НЕДЕЛА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА – Еве што мора да имаат возачите за да избегнат казна

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК