Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Спасовски за „Политика“: Опозицијата мора да се аклиматизира на европското поднебје и да биде самокритична

„„Во следниот период треба да ги преземеме сите напори преку парламентарен дијалог да дојдеме до консензус за уставните измени. Опозицијата мора да се аклиматизира на европското поднебје и да се прилагоди на европски улосви, да се ангажира и самокритично да ги преиспита своите позициии“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за белградска „Политика“.

Тој додаде дека не е сфатлива политичката неукост да се тера некаков архаичен модел и како опозиција да се прикажува неодлучност и недостаток на визија.

Според Спасовски со членството во НАТО, развојот на стратешкото партнерство со САД и почнувањето на преговорите со ЕУ земјава веќе не е во меѓународна изолација и имаме поддршка за опоравување на општеството од сите страни.

„Станавме 30. членка на НАТО, имаме стратешко партнерство со САД и започнавме преговори со ЕУ. Со овие партнерства и храбрите државнички одлуки го заштитивме националниот идентитет, а со функционалната политика на дијалог и разбирање, Северна Македонија стана фактор на стабилност на Балканот“ рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.