8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Спасовски за „Политика“: Просперитетот на граѓаните зависи од исполнување на обврските и уставните измени

„Почетокот на преговорите со Европската Унија го очеквуавме цели 17 години. Просперитетот на граѓаните зависи од исполнувањето на обврските на државата, вклучитено и уставните измени, бидејќи тоа е чекор за иднината на државата“ изјави министерот за внатрешни работи Олвиер Спасевски во интервју за белградска „Политика“.

Тој додаде дека лицемерно е само декларативно да бидеме за членство во ЕУ, а да не поднесуваме политичка одговорност за тоа.

„Во следниот период треба да ги преземеме сите напори преку парламентарен дијалог да дојдеме до консензус за уставните измени. Опозицијата мора да се аклиматизира на европското поднебје, да се ангажира и самокритично да ги преиспита своите позициии“ рече Спасевски.

Министерот истакна дека Владата прави се за да придонесе кон европската перспектива на државата и мило му е што стратешките партнери го препознаваат тоа.

„Пред нас се економски и правосудни реформи, системски реформи за зајканување на антикорупциската политика и владеењето на правото. Веќе никој не е заштитен од санкции, па дури ни функционери на актуелната власт. Во 2021 година беа откриени 50 отсто повеќе криминални дела поврзани со корупција и спречени се коруптивни зделки вредни околу 149 милиони денари, додека во 2022 година се откриени 124 коруптивни кривични дела“ рече Спасовски.

Спонзорирано: