15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски на свечено одбележување на 24 Мај Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, во Охрид на Плаошник, местото каде е основан и дејствувал првиот словенски универзитет

Фејсбук статус на Оливер Спасовски:

Свечено одбележување на 24 Мај Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, во Охрид на Плаошник, местото каде е основан и дејствувал првиот словенски универзитет.

Нема ништо посилно од тоа токму од лулката на словенската писменост, убавиот Охрид, да кажеме јасно и гласно за потеклото на македонскиот јазик, македонската писменост, македонскиот идентитет.

Како Влада ги отворивме вратите кон Европа и светот за културните дејци, за нашите граѓани.

Република Северна Македонија денес е држава во која се негуваат културните, верските, јазичните разлики.

Покажавме дека сме достојни следбеници на Светите Кирил и Методиј – со празнувањето оддаваме слава и најдлабока почит, како и искрена заложба за продолжување за нивната духовна и културна идеја.

Можеби ќе ве интересира

Бујар Османи ја претстави програмата за спорт: Модерна спортска инфраструктура, финансиска поддршка за спортистите и нови спортски клубови

C +

Изминатите два дена 1455 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 348 за брзо возење

C +

СДСМ: Владата да не ја штити Михајлов туку да ја разреши, за милионските скандали со Еразмус+ мора да има одговорност

C +