7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МОН: Ново основно училиште во село Чифлик во Сопиште

Владата на последната седница даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Дитурија“ во с.Чифлик, општина Сопиште. Училиштето, според министерството за образование ќе се основа со поделба од веќе постоечкото основно училиште „Драга Стојановска“ во с.Ракотинци.

Во состав на новото училиште се планира да бидат и подрачните училишта во с. Св.Петка и с. Патишка Река, а наставата ќе се одвива во веќе постоечки објекти, кои ги исполнуваат стандардите предвидени за нормално функционирање на воспитно-образовниот процес.

Во новото основно училиште „Дитурија“ во с.Чифлик ќе се реализира воспитно – образовна работа од прво до деветто одделение, а училишниот објект може да опфати околу 300 ученици. По 300 ученици можат да бидат опфатени и во објектите на ПОУ Патишка Река и ПОУ Св.Петка.

Наставата ќе се изведува на албански наставен јазик, за што се обезбедени наставници за сите предмети од одделенска и предметна настава.

Спонзорирано: