Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Ковачевски: Успеавме да се избориме за сопствена јазична и идентитетска еднаквост во Европа

MУспеавме и да се избориме за сопствената јазична и идентитетска еднаквост во Европа, порача денеска од Охрид, премиерот Димитар Ковачевски.

-Затоа, не е нескромно кога ќе истакнеме дека Република Северна Македонија е мостот што им е потребен на Западниот Балкан и на Европа денес, во надминувањето на сложените предизвици на денешницата, кажа Ковачевски

И ова современо време во кое што ние живееме, векови по времето на Светите Браќа Кирил и Методиј, има потреба од натамошни успешни мисии во насока кон интеркултурализмот, тодаде тој.

– А нашата држава, со сите свои предизвици во развојниот пат, поради многу богатото културно и историско наследство, како и поради прогресивната раководна мисла, подготвено го следи космополитскиот дух на Светите Кирил и Методиј. Се докажа, во регионот и во Европа, дека сме потребниот мост, бидејќи покажавме, преку дела, како со разговор и со дијалог – како цивилизациски придобивки, се наоѓаат решенијата на преговарачките маси. А никој не може да одземе некому јазик, да одземе идентитет! Тоа едноставно не е можно!, рече Ковачевски денеска во рамки на одбележувањето на Денот на сеслосвенските просветители што се одржа на Плаошник во Охрид.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК