14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец за Блумберг: Преку слободниот пазар на труд Отворен Балкан помага да се намалат недостатоците од работна сила во трите земји

Практично денови се во прашање до почетокот на слободниот пристап до заедничкиот пазар на трудот меѓу земјите од Отворен Балкан – Македонија, Србија и Албанија. Копчето за старт на мерката, како што вели за „Блумберг Адрија“ Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, ќе го притиснат лидерите на следниот самит, кој ќе се одржи на почетокот на летово. Тоа значи дека оттогаш почнува слободен пристап до пазарите на трудот во сите можни насоки меѓу трите држави и со тоа на природен економски начин ќе се пополнуваат недостатоците. Компании од Куманово и Скопје ќе мобилизираат работна сила од Врање и околината, а веројатно и оние од Струга ќе видат кадровски потенцијал во пограничниот регион во Албанија. И обратно.

„Македонски ИТ-експерти ќе можат да работат онлајн од нашата земја во Албанија и Србија, притоа да добиваат плата и придонеси од другите две земји, а примањата да ги реализираат во својата земја. Се разбира и обратно. Потенцијалите се огромни, голем е бројот на компании за кои оваа мерка ќе значи пополнување нови работни места, а за граѓаните и особено младите можност да заработат повеќе“, дообјаснува Забрчанец.

Целиот текст на Блумберг

Спонзорирано: