13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Нова белгиска инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски даваат резултати. И во време на светска економска и енергетска криза, македонската економија е конкурентна и атрактивна за големи странски инвестиции. Белгиската компанија АБЕЕ ќе инвестира во Северна Македонија околу 40 милиони евра и во наредните три до четири години ќе отвори над 600 работни места, со просечна плата од 1.500 евра. Фабриката за батерии за автомобили ќе се гради во технолошката зона во Кичево. Благодарение на одговорниот и ефикасен пристап на Владата предводена од СДСМ во привлекување странски инвестиции, минатата година ја завршивме со рекордни странски директни инвестиции од 753,8 милиони евра

Соопштение на СДСМ:

Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски даваат резултати.

И во време на светска економска и енергетска криза, македонската економија е конкурентна и атрактивна за големи странски инвестиции.

Белгиската компанија АБЕЕ ќе инвестира во Северна Македонија околу 40 милиони евра и во наредните три до четири години ќе отвори над 600 работни места, со просечна плата од 1.500 евра.

Фабриката за батерии за автомобили ќе се гради во технолошката зона во Кичево.

Благодарение на одговорниот и ефикасен пристап на Владата предводена од СДСМ во привлекување странски инвестиции, минатата година ја завршивме со рекордни странски директни инвестиции од 753,8 милиони евра

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +