Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Македонците во Грција: Со Преспанскиот договор Македонците и Грците се поотворени едни кон други

По потпишувањето на Преспанскиот договор атмосферата помеѓу Македонците и Грците во Мала Преспа и Воден е порелаксирана, тврдат соговорниците на „Рацин.мк“ од Лерин, Солун, Горно Врбени, Овчарани, Псарадес во Мала Преспа, во Воден и во другите попатни градови во серијалот текстови „Три дена во Лерин и Мала Преспа“.

Сите нивни соговорници се едногласни дека со Преспанскиот договор двата народа, Македонците и Грците се повеќе отворени едни кон други. Уверени се дека Преспанскиот договор e приказна за поврзувањето, за слободата и за солзите на катарзата. Ослободени од некогашните притисоци сега сите полека се свртуваат кон иднината и кон унапредувањето на меѓусебните односи.

Дека нештата се движат во добра насока потврдува и регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин, пишува „Рацин.мк“. Овој чекор, без разлика на сите отпори од националистичките кругови во Грција, тамошната прогресивна и академска јавност го дочека со одобрување, а за Македонците беше кулминација за нивните залагања за признавање на малцинските права во оваа земја и потврда дека македонскиот јазик е борба која никогаш не завршува.

Се разбира, овие исклучителни резултати и постигнувања за признавање на правата на Македонците во Грција се резултат и на изворните, автентични активности на Македонците во Грција и тие дојдоа со израз и најдобро се артикулираа со основањето и делувањето на Партијата на Македонците во Грција – „Виножито“.

– „Виножито“ се создаде во Егејска Македонија оти грчките партии не го признаваа македонското малцинство. Членовите на Виножито се башка партии. Едни има од ПАСОК, едни има од Комунистичката партија, едни од други партии. Бидејќи овие партии не го признаваа македонското малцинство, овие луѓе „избегаа“ и си направија своја партија – “Виножито“, за нивните човекови права, раскажува Слободан Манѕов/Лефтерис Манѕас за „Рацин.мк“.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Мигранти во Македонија нема да има, СДС како расипана плоча, растура пердуви во јавноста

C +

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

C +

Вечерва тешка сообраќајка на патот село Караорман – Штип, сообраќајот е во прекин – пожарникари ги извлекувале повредените

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.