28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Следниот вторник е неработен ден за власите, а среда за сите

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 23 мај 2023 година, (вторник), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2023 година (среда) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите. Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.