26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Николовски: Инвестициите во обновливите извори на енергија ќе овозможат од јуни или јули да имаме евтина струја преку ден

„За дневната евтина тарифа на струјата ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, но по се ова што се случуваше, инвестициите во обновливи извори на енергија, бројќите на веќе инсталираните капацитети, вклучувањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија даваат право да очеквуаме РКЕ да донесе одлука за евтина дневна тарифа“ рече Дарио Николовски, директор на Агенцијата за енергетика во „10 минути“ на ТВ21.

Тој додаде дека анализите по ова прашање ќе завршат наскоро и рече оти очекува од јуни или јули да се воведе дневната евтина тарифа на струјата.

„Изминатата грејна сезона, која ја поминавме во светска енергетска криза, со успешно спроведените мерки и политики ја поминавме со зголемено домашно производство и без зголемување на цените“ рече Николовски.

Директорот на агенцијата за енергетика исто така кажа дека конечно е во функција Македонската енергетска берза со која се докажува дека институциите имаат капацитет и дека енергетскиот сектор е стабилен и поткрепен со исправни политики.

„Енергетската берза ја гарантира стабилноста на цената и овозможува македонските компании да бидат што е можно поконкуретни. Очеквуам оваа берза да стане компатибилна со останатите берзи во регионот, а со тоа и домашните компании да станат поконкурентни“ рече Николовски.