11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Николовски: Оваа грејна сезона увезовме само 11-12 отсто електрична енергија, наспроти 30 отсто претходно

„Ако претходно како држава во просек сме увезувале околу 30 отсто од електричната енергија, фокусот на домашното производство оваа зима придонесе само 11-12 отсто од електричната енергиај да биде увезена“ рече директорот на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски во „10 минути“ на ТВ21.

Тој додаде дека фокусот на владата и институциите беше да се набават потребните материјали за производство на електрична енергија, наместо да се увезува струја.

„Од почетокот на 2022 година, до крајот на март 2023 произведени се над 2,7 милиони мегават часови домашна електрична енергија, што даде придонес за полесно справување со кризата“ рече Николовски.

Директорот на Агенцијата за енергетика истакна дека периодот во кој се наоѓаме сега се користи за анализи и планови за како да се делува во следната грејна сезона, со цел државата и институциите да бидат подготвени.

„Целта е Северна Македонија да биде енергетски независна земја. Имаме одлична положба, изобилие на сонце, ветер и вода и полтиката е во насока да станеме енергетски независни. Тоа е процес и очекувам дека ќе ги оствариме сите цели“ рече Николовски.

Спонзорирано: