Утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Од понеделник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Температурата ќе биде во пораст.
Прогноза за 15.05.2023
Минимална температура: 7°C до 12°C
Максимална температура: 18°C до 23°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 16.05.2023
Минимална температура: 8°C до 14°C
Максимална температура: 19°C до 24°C
Променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме.
Прогноза за 17.05.2023
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 18°C до 26°C
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.