24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Имаме околу 45 отсто хармонизација со европското законодавство уште од пред скринигот

Неколку пати сме правеле анализии. По сите анализи околу половина, односно 45 отсто имаме синхронизирано, или хармонизирано со европското законодавство. Тоа се 45 отсто од оние прописи коишто сме ги имале пред скринигот. Тоа значи сега на тие 45 отсто треба да додадеме нови прописи, коишто се донесени во последните три години“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју на ТВ21.

Тој додаде дека од почетокот на скринигот имаме десетина закони кои поминаа, како измените на Кривичниот законик за Истанбулската конвенција, каде што се зајакнува улогата на новинарите.

„Собранието од друга страна не е многу функционинално. Имаме десетици закони со европско знаме, закони кои се поврзани со Националниот план, коишто седат во Собранието веќе година и пол, две“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека инструментот за поднесување амандмани опозицијата во Собранието го користи само за блокирање, наместо за подобрување на законите.