24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Никогаш не сме имале подобра позиција и поддршка од европската заедница од сега

„Можам да кажам дека во клучните европски и светски центри имаме добри дипломати, квалитетна дипломатска мрежа која што може да ги дознае сите информации кои ни се нам важни, но исто така и да ги пренесе нашите ставови пораки и да лобираат во интерес на државата секаде каде што е тоа важно“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за ТВ21.

Тој додаде дека нашата земја никогаш претходно не ја имала оваа положба и ваква поддршка од европската заедница како што има сега.

„Имаме огромен напредок во односите со Европската Унија во последните 5-6 години. Ние затекнавме, да не заборавиме, една ситуација во 2017 година кога нашите делегации, државни официјални, никој не ги примаше во Брисел“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека денес сме вреднуван член на меѓународната заедница и претседавачи со ОБСЕ и една од државите која е најмногу усогласена со надворешната политика на ЕУ во врска со Украина.