24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски-Нешиќ: Местото на Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина е во ЕУ

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на маргините на 50. Европска Регионална Конференција оствари билатерална средба со својот босански колега Ненад Нешиќ, на којашто заеднички го изразија задоволството што повторно имаат можност да остварат средба и да поразговараат за предизвиците кои ги тангираат Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Двајцата разговараа за Договорот со Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС кој веќе е во операционализација во Република Северна Македонија и воедно претставува прв договор помеѓу нашата држава и ЕУ.

Тие на заедничко задоволство се согласија дека Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина немаат отворени прашања, при што министерот Нешиќ го покани министерот Спасовски на работен престој во Босна и Херцеговина, во Јуни, со цел да остварат билатерална средба во рамки на Конференцијата за миграција на која како домаќин е Босна и Херцеговина.

Министрите Спасовски и Нешиќ се согласија и за тоа дека местото на Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина е во европското семејство, во Европската Унија и дека од тој пат нема скршнување.