Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Казнети 179 возачи за еден ден во Скопје, 102 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (7.5.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 12 мерки за управување возило под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за минување затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО, ФОТО) Полицијата им упадна дома – Видео од приведувањето на скопјанец и скопјанка

ДЕСК

Охрабрува трендот што граѓани кои изминативе десет години одлучиле да си заминат, полека се враќаат – тврди Мицкоски

ДЕСК

Поврзан Балкан – посилна Европа: Интерконекторот Македонија–Србија оди напред со забрзано темпо

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.