Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Собранието мора да одлучува за мигрантите, а не општините

Соопштение на СДСМ:

Прашањето за мигрантите е државно прашање и за него мора да одлучува Собранието, а не поединечни општини или советници на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Христијан Мицкоски со денови одбива да даде едноставен одговор дали ќе ја потпише Резолуцијата со која граѓаните ќе бидат сигурни дека мигранти за пари во Македонија нема да има. Наместо одговор, гледаме изговори, одолговлекување и обиди темата да се префрли на локално ниво.

Зошто Мицкоски бега од Собранието? Ако не знае – Собранието е највисокиот орган на државата, составен од пратеници директно избрани од народот. Затоа Резолуцијата е народен договор. Со една одлука, на целата територија на Македонија, прашањето може да биде затворено. Но ВМРО-ДПМНЕ одбива.

Дополнително, изјавите на Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ сами го потврдуваат планот за мигранти во Македонија.

Уште еднаш јавно го повикуваме премиерот Мицкоски:

Не мора да одговори на СДСМ – нека им одговори на граѓаните:

Ќе ја потпише ли Резолуцијата? Да или НЕ?

Можеби ќе ве интересира

2.158 АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ – По претседателското вето следува нова собраниска расправа

ДЕСК

ДЕСЕТ МАКЕДОНСКИ УЧИЛИШТА ИЗБРАНИ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА – Нови размени за учениците од Западен Балкан

ДЕСК

186 ПРЕКРШОЦИ КАЈ ВОЗАЧИТЕ ЗА ШЕСТ ЧАСА – Во Македонија контролирани 870 возила

ДЕСК