Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за тоа нема потреба, покажува најновата анкета на ИПИС за емисијата Детектор.
До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или онлајн.
Но многу граѓани се жалат на скриени трошоци и повисоки камати.
Изминатиот период речиси секојдневно полицискиот билтен изобилува и со случаи каде измамници со туѓи лични карти подигаат брзи кредити, а вистинските сопственици не се ни свесни за тоа се додека не им стигне известување дека не ја платиле ратата.
Многу од граѓаните велат дека не би земале брз кредит кој полесно се одобрува но има повисоки камати, додека 10,2% велат дека би земале ваков кредит, според анкетата на ИПИС.