Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра. Долг е списокот на лаги што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно ги шират за изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно лажат дека 70 отсто од работниците ќе бидат од странство. Лажат и дека работниците од странство ќе работат без работни дозволи, лажат дека ќе се зголемат работните часови, како што лажат дека државата ќе плаќа пенали доколку не се променат одредени закони, се вели во соопштението од СДСМ.
Оттаму велат дека е скандалозно што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прват хајка против реномирана американска компанија каква што е Бехтел.
Проектот се реализира согласно Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 е донесен во 2021 година и оттука сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода, велат од СДСМ.