Во текот на вчерашниот ден (19.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 139 возачи. Од нив 8 возачи управувале возила со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 84 возила ја пречекорилe брзината надвор од населено место, а 55 во населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.