26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Неуспешно минирањето на најголемата инвестиција во патната инфраструктура – Проектот почнува да се реализира

Почнува да се реализира проектот за изградба на коридорите 8 и 10, а ќе го гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка.

Не успеа хистеријата за рушење на проектот која наликува на спонзорирана кампања, а многумина тврдат дека тоа е заради тоа што во игра е американска компанија, а нарачателот на минирањето на мега-проектот е од спротивната страна.

-Коридорите 8 и 10 Д ќе се изградат и ќе ги разочараме оние што не веруваат во најголемиот инфраструктурен проект во државава, а тоа се оние истите кои не веруваат дека ќе станеме членка на НАТО. Има потпишан договор на 400 страници во кои се дефинирани сите обврски, како наши, така и на изведувачот. Што се однесува до неговата тајност, ќе повторам дека сите договори кои се дел од работата на ЈПДП носат назнака за деловна тајна и доверливост, бидејќи содржат технологии на работа, структури на управување и поради заштита од конкуренцијата овие договори се такви – рече премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски додаде дека вчера Владата го овластила ЈПДП да го достави договорот до Јавното обвинителство и денес тој треба да биде разгледан од судските органи.

Дека проектот веќе стартува докажува и тоа што Јавното претпријатие за државни патишта веќе го објави огласот за вработување работници кои ќе работат на изградбата на четирите автопати.

Огласот е отворен до 25 април, а договорот е до 22 јануари 2028 година, до завршување на проектот.

Работното време е 40 часа неделно.

Најплатена позиција на огласот е помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, кој треба да биде градежен инженер. За оваа позиција е предвидена плата од 70.052 денари со осумчасовно дневно работно време во прва смена.

Дали кампањата против Бехтел и Енка и коридорот 8 и 10 е спонзорирана?

Целата кампања изгледа како добро смислена, со оглед дека се вклучени познати личности, невладини организации и медиуми кои со недели го рушат кредибилитетот на Владата и американската компанија.

На социјалните мрежи веќе се отвори и прашањето дали анти-кампањата е поврзана со информацијата дека во скоро време Американската влада треба да ја објави црната листа на политичари и бизнисмени од Македонија кои ќе добијат санкции заедно со нивните семејства и компании поради корупција, криминал, но и кршење на санкции кои САД ги има кон Русија…