8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Спасовски од светиот Ерусалим: Илјадници лета низ историјата, Светиот Оган секоја година, во пресрет на православниот Велигден, се пали во Кувуклијата, параклисот над Светиот гроб, во ерусалимскиот храм на Воскресението Христово

Фејсбук статус на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски:

Илјадници лета низ историјата, Светиот Оган секоја година, во пресрет на православниот Велигден, се пали во Кувуклијата, параклисот над Светиот гроб, во ерусалимскиот храм на Воскресението Христово.

Постои верување дека Светиот Оган за првпат се појавил на 5 април во 33 г.н.е, точно во времето на Воскресението Христово.
Денеска Црквата на Светиот гроб во Ерусалим е исполнета со илјадници православни верници, кои Благодатниот Оган го преземаат од рацете на ерусалимскиот патријарх и го пренесуваат дома.

Годинава имам посебна чест да предводам државна и црковна делегација на Република Северна Македонија, на чинот на преземање на Благодатниот Оган, и по милоста Божја, со радост да ја исполнам доверената задача – да го донесам во нашата татковина, за верниот македонски народ да биде озарен од зраците на Светата Светлина, со најголемата тајна на Воскресението – победата над смртта!

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

C +

СДСМ до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +