Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Петровска: Нема да ја разнишаат мојата одлучност за посилна и поразвиена Армија, за побезбедна држава и сигурни граѓани

На прашање дали ги смета нападите против неа како еден вид хибридна, специјална војна, со која
се прави обид да се создаде сомневање во вредностите на нашите одбранбени политики, во
безбедносните структури како што е министерството или Армијата, министерката за одбрана
Славјанка Петровска во интервју за порталот Рацин.мк вели дека „резултатите од мојата работа се
видливи и се погласни од неумесните и неуспешни обиди на некои структури да го минимизираат
и анулираат она што е видлив развој“.

– И тогаш и сега велам – ниту еден напад кон мене, нема да ја разниша мојата одлучност
одбраната да биде уште посилна и поразвиена, Армијата да биде уште поопремена и
позадоволна, државата да биде уште побезбедна, а граѓаните посигурни. Тоа е мојата цел, а
граѓаните ќе ценат по тоа што сме го сработиле, а не по празните лаги и невистини кои се
лиферуваат од јавни говорници, нагласува министерката за одбрана Петровска.

„Вредноста на политиките кои ги водам во Министерството за одбрана“, истакнува Петровска во
интервјуто за Рацин.мк, „може да се види единствено преку резултатите кои, и покрај обидите на
неколкумина кои се занимаваат со лиферување на лажни вести, се видливи и очигледни“.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК