11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Петровска: Солидарноста во НАТО не е само збор, таа е акција

Во интервју за порталот Рацин.мк, министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека
„поддршката од сојузниците и соработката со нив за нас е секојдневие. Солидарноста навистина е
силно изразена, и кон нас, како кон една од поновите земји членка на НАТО, но и од нас кон
сојузниците кога тоа е потребно“.

– Неколкупати ја потенцирав нашата одлична соработка со САД, сојузници и стратешки партнери
со кои имаме развиено стратешки дијалог. Минатата година САД нè поддржаа со вкупно 137
милиони долари, пари кои ќе бидат вложени во опремување и моденизација на Армијата, што
ако споредиме е половина од нашиот одбранбен буџет за годината. Тоа е сериозна поддршка
која не може да се занемари, особено што таа поддршка е наменета за она што нам ни е
приоритетно, а тоа е опремувањето, истакнува Петровска.

Минсистерката дополнува дека „поддршка во развојот на капацитетите имаме и од други наши
сојузници – Обединетото Кралство, Турција, одлична соработка имаме и со Словенија, особено
зашто нашите припадници во мултинационалните сили на НАТО во Латвија се дел од
словенечкиот контингент, Грција чие воено воздухопловство ја спроведува НАТО „Air Policing“
мисијата над македонското небо итн“.
– Нашата земја не е единствениот пример за тоа како функционира сојузничката поддршка. По
катастрофалните земјотреси во Турција, Северна Македонија беше меѓу првите земји кои
испратија лица на терен, 60 наши војници деноноќно пребаруваа и успеаја да извлечат
преживеани од под урнатините. Затоа, велам, солидарноста во НАТО не е само збор, таа е акција,
потенцира министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервјуто за Рацин.мк.