5. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
maricic
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Немаме луксуз да губиме време, оваа година е клучна да го фатиме чекорот во преговорите со ЕУ

„Треба да имеме предвид дека оваа година е клучна за решавање на одредени прашања, токму затоа и во регионот има вид на позитивен притисок да се реши и косовското прашање преку оној дијалог кој што беше во Охрид, но и други сесии на разговори меѓу Белград и Приштина, како и стабилизација на состојбите во Црна Гора затоа што наредната година е изборна во ЕУ. Имаме избори за Европскиот Парламент на крајот на мај и практично 6 месеци потоа ќе бидат користени за распоредување на новите европски институции“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека го немаме луксузот да го изгубиме тоа време, бидејќи и ситуацијата во Украина и односот на ЕУ кон Украина создава едно чувство на итност дека треба овие прашања да се решат побрзо.

„Затоа и мислам дека во работната група за уставните измени треба со рационален пристап да се дискутира за тоа како најбрзо, наједноставно и најразумно да ги предложиме уставните измени за кои што можеме да добиеме пакет од 80 пратеника“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека доколку се држиме фокусирани на обврски од преговарачката рамка и она што ни е обврска од францускиот предлог ќе успееме да ги продолжиме преговорите, а другите прашања кои се наметнуваат за отворање на Уставот треба да се остават за некоја подоцнежна фаза.

„Најдобро би било ако тие прашања ги оставиме во некоја подоцнежна фаза да ги решаваме, а сега се фокусираме само на како да добиеме 80 пратеници за додавање во Преамбулата на делови од црногорскиот, бугарскиот и хрватскиот народ“ рече Маричиќ.