Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Имаме многу пријатели во ЕУ кои не сакаат земјава да застане во процесот на преговори

„Имаме многу пријатели во ЕУ. Сите се заинтерсирани да го завршиме ова до крајот на скринингот за да можеме логично да продолжиме, да не застанеме, да нема никаков застој, затоа што секој застој ќе јавува фрустрација, ќе јавува конфликти и можности за нови блокади“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека сите стојат на располагање за да помогнат, бидејќи моментот е важен за земјава да го продолжи процесот.

„Секоја недела имаме некоја висока посета. Минатата недела Пленковиќ, претходно беше австрискиот претседател, германската министерка за надворешни. Да не заборавиме крајот на ноември беше претседателот на Германија, претходно канцеларот. Ќе имаме такви посети. Имаме најави и за претседателот Макрон и за канцеларот Шолц. Треба да утврдиме кога точно“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК