23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ДУИ: Има европско ориентирани пратеници во редовите на ВМРО ДПМНЕ

Демократската Унија за Интеграција ја повикува опозицијата да се приклучи кон, како што велат, напорите за европска Северна Македонија и продолжување на интегративниот пат како единствена алтернатива за нашата земја.

Европскиот сон и стремеж на нашите граѓани, како што велат од ДУИ, зависи од пратениците во Собранието и нивната храброст да донесат одлука за следните генерации, а не за следните избори.

„Храброста и одлучноста во носењето одлуки се наградува од страна на граѓаните, но и од нашите евроамерикански пријатели.

Повикуваме на општ општествен европски фронт и формирање на сојуз за европска Северна Македонија.

Загрижувачки се недвосмислените изјави на предводниците на опозицијата против Европската интеграција и одбивањето на помошта од нашите меѓуранордни партнери, но ние сме убедени дека пратениците и граѓаните не ги споделуваат изолационите и антиевропски ставови на нивните лидери, туку ќе одлучат храбро и мериторно за продолжување на европскиот пат.

Во ВМРО ДПМНЕ има европски сили кои што не се поистоветуваат со ставовите на нивните моментални предводници и не сакаат да ги повторат истите грешки кога застанаа на погрешната страна.

Денешниот наратив, размислување и делување на опозицијата, за жал е ист како тој пред 6-7 години, кој што ја изолираше опозицијата меѓународно, но сепак тогаш опозициони пратеници смогнаа сила и храбост и се одважија на предизвикот при што денес, Северна Македонија е членка на НАТО и преговара за членство во Европската Унија“, се додава во соопштението на ДУИ.