21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Демократскиот сојуз: За уставни измени неопходно е Бугарија да го признае правото на организирање на Македонците

Централниот совет на Демократскиот сојуз расправаше за актуелните политички состојби во земјата при што оцени дека евроинтеграциските процеси се врвен приоритет, но власта нема никакви реформи поврзани со судскиот систем, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Се наведува дека кај граѓаните постои огромно незадоволство од нефункционирањето на државните институции, сиромаштијата и заминувањето на младите од државата.

„Од јули 2022 година, Владата ги најавува уставните измени, а досега не видовме ништо од нив, никаков текст, никаква расправа за суштината и контекстот на спорот со Бугарија туку само политички манипулации и поделби. Демократскиот сојуз го афирмира ставот дека можно е Бугарите да бидат внесени во Уставот, но на реципрочна основа, односно да биде признаено правото на организирање на Македонците во Бугарија“, велат од Демократскиот сојуз.

За нови членови на Претседателството избрани се Елисавета Јаневска, која е избрана и за претседател на Демократскиот сојуз на жените, Богоја Петровски, кој е избран и за претседател на младите на Демократскиот сојуз, како и Емилија Тошевска.

Спонзорирано: