42-годишниот битолчанец, кој два дена се лекува на Клиниката за токсикологија откако нарачал шише вода во познат угостителски објект во Битола, најверојатно е отруен со корозивно средство.
Неофицијално се дознава дека битолчанецот бил отруен со концентриран калиум и натриум хидроксид, чијшто двопроцентен раствор се користи за машинско миење на садови.
Според достапните податоци кои засега се неофицијални на битолчанецот му е оштетен хранопроводот и желудникот.
Тој прво побарал помош во битолската болница, но поради тежината на неговата состојба, со брза помош бил префрлен во Скопје.
Во тек е истрага за случајот.