8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Бугарите најсиромашни во ЕУ – Познато е која држава е најбогата

Последниот извештај на Евростат покажува дека Луксембуржаните и понатаму се најбогатите граѓани на Европската унија.

Нивната куповна моќ е 2,5 пати поголема од просекот на сите други земји-членки на ЕУ.

Во споредба со европскиот просек, бруто-производот по глава на жител е за 161 отсто поголем во малиот Луксембург.

Ова се објаснува со фактот што платите на многу работници од пограничните земји се вклучени во резултатот од Луксембург, според Евростат.

Следна на листата на богати е Ирска, која со своето поволно оданочување привлекува многу мултинационални компании, со бруто-производ по глава на жител за 134 отсто поголем од просекот на ЕУ.

Трета е Данска, а потоа следат Холандија, Австрија и Белгија.

Најсиромашни се граѓаните на Бугарија и Словачка.

Можеби ќе ве интересира

Уште еден голем бренд влегува на македонскиот пазар: Pepco, наскоро ги отвора своите продавници во Скопје

ДЕСК

Познато е кога следува новото покачување на пензиите и минималната плата

ДЕСК

Курсна листа за 8-ми октомври 2025

ДЕСК