25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
maricic
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Борел и Вархеји потврдија дека не е можно да се менува нашата преговарачка рамка со ЕУ

„Од претставниците на ЕУ побаравме тоа што ни го кажуваат нам како Влада и го кажуваат во Брисел, да го кажат на јавноста и на парламентаците. Тоа е дека нема можност за повторно преговарање на преговарачката рамка, дека е губење на време и можност и дека е илузија да се очекува дека повторно ќе се преговара“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Како што кажа вицепремиерот ќе загубиме можност доклку уставните измени ги тргнеме од масата како приоритет, бидејќи тоа ќе ни го загрози патот и динамиката на патот кон ЕУ.

„Свесни сме дека е неправедно, дека не е идеален францускиот предлог, свесни сме дека направивме премногу отстапки, но за прв пат во 17 години имаме реална шанса да продолжиме натаму, да ги завршиме преговорите и да станеме членка на ЕУ. Тоа сега е реална можност, не само теоретска шанса“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека не било прифатливо во преговорите уставните измени да се поместат за неколку години или да бидат на крајот на преговорите со ЕУ, иако тоа било барање на Владата.