25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Еуген Сарачини, ТВ 21, Приштина: Премиерот Курти треба да биде похрабар, да ги прифати предлозите за Заедницата на српските општини

Еуген Сарачини, директор на ТВ 21 Приштина, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека настанот во Охрид, каде што се среќаваат косовскиот премиер, Албин Курти, и српскиот претседател, Александар Вучиќ, е многу значаен. Според Сарачини, стабилноста на регионот зависи од стабилноста на земјите и на односите меѓу нив.

„Во таа смисла, и за Косово и Србија ова е шанса нивните односи да бидат пријателски и во интерес на граѓаните на двете земји. Сметам дека премиерот Курти треба да биде похрабар и со гаранциите на САД и ЕУ да ги прифати предлозите за спорните прашања како што е Заедницата на српските општини на Брисел, околу кои сега постојат најголеми недоразбирања“, вели Сарачини.

Настанот во Охрид предизвика огромно медиумско внимание од целиот регион и пошироко. За следење на средбата Курти-Вучиќ се акредитираа повеќе од 230 новинарки и новинари.

Камера: А. Ризински
Монтажа: А. Мехмети

извор ЦИВИЛ Медиа