Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Костадиновска Стојчевска: Се уште се плаќаат долгови за стиропорот од „Скопје 2014“

Сме имале различни профили на министри за култура, но на дел од нив основната цел им била да го направат проектот „Скопје 2014“ за којшто се уште ги плаќаме фактурите и се уште се соочуваме со тужби, рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостување во Канал 77.

-Се уште има излив од буџетот на Министерството за култура, но и на ниво на Влада заради тој фамозен проект. Јас бев пратеник кога гласавме нов заем за да ги платиме тие долгови. Со еврообврзниците се уште плаќаме стиропори и споменици. Тој проект е симбол како не треба да се вложува во културата, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа кажа дека одредени лица наплаќале и по 20 илјади евра хонорар.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК