Во оваа 2023 имаме неверојатни десет продолжени викенди, па добро направете ги распоредите за работа за да може да ги искористите деновите за одмор и рекреација.
Велигден во 2023 година е на 16 април. Како и секоја година, неработни ќе бидат 4 дена околу овој празник, во кои е вклучен и еден викенд. Нема да се работи 14 април кога е Велики Петок, а по викендот неработен ќе биде и вториот ден на Велигден, односно 17 април, понеделник.
Во овој месец неработен за сите граѓани е и 21 април кога се празнува Рамазан Бајрам – се паѓа во петок што значи дека ќе имаме убав полетен продолжен викенд.
Во мај уште на почетокот на месецот имаме продолжен викенд. 1 Мај се паѓа во понеделник, што значи дека заедно со викендот ќе имаме добра можност да испланираме некое патување.
Во јуни граѓаните од православна вероисповед имаат еден неработен ден а тоа е 2 јуни, кога се одбележува Духовден. Неработниот ден е во петок, што значи дека ќе има можност за уште еден продолжен викенд.
Вториот неработен ден во август ќе ни донесе и продолжен викенд бидејќи Голема Богородица се паѓа на 28 август, во понеделник што значи дека тоа ќе биде уште еден продолжен викенд.
Во септември имаме уште една добра можност за некој краток одмор на крајот од летото бидејќи 8 Септември, Денот на независноста се паѓа во петок.
Вториот неработен ден во октомври е нова можност за продолжен викенд, бидејќи Денот на ВМРО се паѓа на 23 октомври, понеделник.
Во декември неработен е 8 декември, петок, Денот на Св. Климент Охридски, што е нова можност за продолжен викенд.