18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Шкријељ: Намалувањето цени на храната е мерка за стандардот на грѓаните, а не против компаниите

Пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ потсети дека Владата донела пакет мерки над 700 милиони евра за ублажување на последиците од кризата и по барање на производителите на прехранбени производи електричната енергија за нив била субвенционирана.

-Мерката беше донесена кон крајот на минатата година. Се почека да се види дали во јануари ќе има намалување на цените, но тоа не се случи и овие компании не го испочитуваа џентлменскиот договор. Оваа мерка не е насочена против никого, туку нејзината намера е да се се зачува животниот стандард на граѓаните, рече Шкријељ во гостувањето во ТВ21.

Таа очекува од утре да има намалување на цените на дел од прехранбените производи.

-Државниот пазарен инспекторат ќе биде присутен на терен, нема да дозволиме некој да печали на грбот на граѓаните. Компаниите треба да ја почитуваат одлуката на Владата. Намалувањето ќе биде за точно утврден процент, со што компаниите сепак ќе имаат одредена заработувачка, рече пратеничката.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК