Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Шкријељ: По растот на пензиите, нов предизвик е утврдувањето минимална пензија

Во 2017-тата година имавме голем предизвик да го стабилизираме Пензискиот фонд, бидејќи странските експерти со кои се консултиравме ни велеа дека се подготвува финансиско цунами, рече пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ во гостувањето во ТВ21.

-Ние успеавме системот да го стабилизираме, воедно и со тоа што донесовме методологија за утврдување и на минималната плата и на пензијата, бидејќи сега износот само се утврдува според одредени критериуми, а нема преговори, рече Шкријељ.

Таа додаде дека властите се свесни дека има голем број граѓани со ниски пензии.

-Токму затоа за нив имаше и мерки за дополнителна финансиска поддршка. Овие приходи треба да пораснат и тие засега се единствено се пресметуваат според работниот однос по што се добива висината на пензијата. Сега е нов предизвик утврдување на минималното ниво на пензија и треба да се излезе во пресрет на овие граѓани, рече Шкријељ.

Пратеничката додаде дека во овој период не се разговара за зголемување на старосната граница за пензионирање.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК