17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Битиќи: Во јануари не увезовме ниту еден мегават час струја, а продававме вишоци во ноќните часови

„Уште пред зимата кажавме дека ако не послужи среќата, а тоа е времето и плус да не се случи да имаме големи хаварии со застарената опрема во РЕК Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино, дека ние ќе осигураме месеци во кои што нема да увеземе ниту еден мегават од надвор. И тоа се случи, во јануари ние не увезовме ниту еден мегават, дополнително продававме одредени вишоци во ноќните сати“ рече вицепремиерот Фатмир Битиќи во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека со работата оваа зима се покажа дека не се исполнија катаклизмичните најави на опозицијата дека граѓаните нема да имаат електрична енергија или дека ќе плаќаат 300 отсто повисока цена за струјата.

Вицепремиерот Битиќи додаде дека рестрикции немало и цената на струјата не се покачи, а Владата едиснтвено ги повика граѓаните да штедат и ги запозна со реалната ситуација.

Спонзорирано: