24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Планирате да работите во Германија? Имаме лоши вести за вас

Германската економија нема да може да ја избегне рецесијата оваа година, но по два последователни квартали на пад, ќе почне да закрепнува напролет, проценува економскиот институт Ifo. Во првиот квартал германскиот бруто домашен производ (БДП) ќе се намали за 0,2 отсто во однос на претходниот квартал, прогнозира институтот Ifo.

Техничка рецесија
Тоа би било втор квартал по ред во кој економијата се намалува, што обично се нарекува техничка рецесија, со оглед на тоа што веќе се намали за 0,4 отсто во четвртиот квартал од 2022 година во споредба со претходните три месеци. Институтот Ifo предвидува дека економската активност речиси ќе стагнира во 2023 година, со благ пад на активноста од 0,1 отсто.

За споредба, германската влада очекува благ раст на БДП оваа година, од 0,2 отсто.

Закрепнување
Во средата, германскиот економски институт IfW ја зголеми прогнозата за раст за 2023 година од 0,3 проценти на 0,5 проценти, велејќи дека олеснувањето на тесните грла треба да го поддржи нагорниот тренд. Двата институти предвидуваат закрепнување во 2024 година, при што Ifo предвидува раст од 1,7 отсто, а IfW од 1,4 отсто.

Очекуваат и силен раст на цените и оваа година. Според нивните прогнози, инфлацијата треба да се намали во 2024 година. Ифо очекува инфлацијата оваа година да се спушти на 6,2 отсто, од минатогодишните 6,9 отсто, и силно да ослаби во 2024 година, на 2,2 отсто.

ИФВ прави слична оценка, прогнозирајќи раст на потрошувачките цени од 5,4 отсто оваа година и 2,1 отсто во 2024 година. „Инфлацијата го достигна својот врв“, рече економскиот истражувач на Ifo, Тимо Волмершаусер, наведувајќи го падот на цените на енергијата и олабавувањето на строгата монетарна политика. меѓу причините за неговото слабеење.тесните грла во синџирот на снабдување.

Во Ифо, пак, предупредуваат дека „високата инфлација го намалува расположливиот доход на домаќинствата и доведува до намалена потрошувачка од граѓаните во тековната година“. Нè очекува „забележлива загуба на куповната моќ“ од 1,8 отсто, велат од институтот.