15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Македонија со слична минимална плата како во Бугарија, а пред Србија, Босна, Албанија, Косово – Кои се сумите за минималец кои се исплаќаат во регионот?

Македонија од овој месец влегува со минимална плата од 20.175 денари, што е двојно зголемување на минималецот од 2016-та година.

Но колку се атрактивни мминималните плати во регионот?

Согласно последните најсвежи податоци до кои дојдовме Хрватска е на врвот на поблиски држави со минимална плата од 30.500 денари, во Црна гора се земаат 27.700 денари.

Во Бугарија миималецот изнесува нешто над 20.500 денари и е на речиси идентично рамниште со македонската минимална плата.

Босанците добиваат минималец од 17.000 денари. Во Албанија истиот изнесува 15.000 денари, додека Косово е на дното со минималец од нешто повеќе од 10.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

Приклучете се на ХалкЕко, за активно лето со еко придобивки

ДЕСК

Свечено отворање на Dioptra Optic Urban Concept – првиот store-in-store оптички концепт во Македонија

ДЕСК

Советот на Народната банка донесе одлуки за унапредување на заштитата на потрошувачите на финансиски услуги

C +