Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Продолжуваме со кампањата за економско зајакнување и ментално здравје

Министерството за труд и социјална политика во континуитет продолжува со организирање на настани во склоп на кампањата „Гласна и храбра“ со цел економско зајакнување и ментално здравје на различни целни групи. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со жените без документи и заедно со професорката Софија Арнаудова имаа отворена дискусија. Средбата имаше за цел да се слушнат предизвиците со кои се соочуваат жените без документи.

Преку конструктивна дискусија беше опишан секојдневниот живот на присутните и преку водство од професорката Софија беа дадени насоки како можат да работат на нивното ментално здравје и зошто е важно економското зајакнување на жените. Министерката порача дека има слух за предизвиците со кои се соочуваат жените и посочи дека истите ќе се решаваат еден по еден.

Кампањата „Гласна и храбра“ продолжува во текот на целиот месец март, целта е преку средби лица на целата територија на Република Северна Македонија да се слушнат директно предизвиците со кои се соочуваат граѓаните. На средбата беше присутна и пратеничката од Собранието на Република Северна Македонија, Љатифа Шиковска.

Можеби ќе ве интересира

КЛЕКОВСКИ ПО НАПАДИТЕ ВРЗ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА – „НЕ МОЖЕ СЕКОЈА БРЗА ПОМОШ ДА ИМА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ“

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДА СЕ БУДИ ВО МИНУС – Потоа следуваат обилни дождови, силен ветер и снег за викендот

ДЕСК

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта мурал

ДЕСК