9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски изрази сочувство за трагедијата во Грција

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски изрази сочувство до својот грчки колега Киријакос Мицотакис за железничката несреќа, во која животот го загубија најмалку 36 лица, а над 80 се повредени.

„Сакам да изразам сочувство до премиерот Мицотакис, до грчкиот народ, до семејствата на загинатите за трагичната несреќа што се случи вчера во Грција и да им посакам брзо заздравување на преживеаните во овој трагичен настан“, рече Ковачевски на почетокот на своето обраќање на вториот Економски форум во Скопје.

Во Грција, по кобната несреќа, прогласена е тридневна жалост, а голем број функционери од Европа и светот испратија пораки со сочувство за трагедијата.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на собранието Гаши ги радпиша локалните избори кои се закажани за 19-ти октомври

ДЕСК

Алиу: Вчера донесов одлука заснована на факти, на закон и на обврската да ја заштитам довербата во здравствениот систем

ДЕСК

Се запали уште еден автобус на ЈСП

ДЕСК