Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Свети Климент Охридски е патоказ за негување на писменоста, националните вредности и создавање на успешни генерации

По повод празникот посветен на Свети Климент Охридски-македонскиот просветител, учител и темелот на нашата духовност и писменост, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија.

„Делото на Св. Климент Охридски, неговата посветеност на образованието и ширењето на словенската писменост, претставуваат трајна вредност на македонската државност и културен идентитет.

Неговата мисија не потсетува дека знаењето, трудот и човечноста се водилка кон напредок и општо добро.

А нашата заедничка обврска е да продолжиме да го негуваме она што е суштински дел од нашата татковина – јазикот, писменоста, наследството и македонскиот идентитет, да останеме посветени на унапредување на образованието, зачувување на културното наследство и поддршка на вредностите што го обединуваат нашиот народ.

Силата на државата произлегува од знаењето, достоинството и од грижата за сопствените корени, токму како што тоа го покажувал Св. Климент со своето животно дело.

Македонија да ја градиме преку генерации на образовани луѓе, генерации што ќе бидат носители на прогресот, на науката, на културата и на достоинството на нашата држава.

Овој празник не потсетува дека вложувањето во образованието и младите е инвестиција во иднината на нашата татковина.

Ликот и делото на Св. Климент Охридски ни покажуваат дека секое знаење што го даваме денес, ја гради Македонија утре“, пишува во честитката./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ноќен инцидент во Аеродром: Пет лица приведени по агресивно однесување кон полицајци

ДЕСК

Трагичен крај на потрагата: Исчезнат скопјанец пронајден починат на Средно Водно

ДЕСК

Драма во Скопје: Тројца насилно влегле во продажен објект и предизвикале пожар – Двајца полицајци пренесени на токсикологија по пожар во објект во Скопје

ДЕСК